„Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес“, соопшти МВР.
Концентрациите на алкохол во крвта од 3,5 до 4 промили се сметаат за исклучително опасни и луѓето кои ќе ја достигнат често паѓаат во кома и не се контактибилни.






