петок, 22 мај 2026

Завршил во притвор откако се противел полицијата да му ја претресе кафеаната

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против жител на валандовското село Јосифово за кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и за „загрозување на сигурноста”.

Државното јавно обвинителство информира дека на 25 јуни, осомничениот управител на фирма – сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран, „со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, спречил две службени лица – полициски службеници да извршат претрес на угостителскиот објект на платформа“.

За претресеот полицијата имала судски налог заради основано сомнение дека произведувал, продавал и овозможувал употреба на дрога.

„Кога полицисиките службеници пристигнале во објектот и му ја предале наредбата за претрес, осомничениот не ја примил и започнал да ги брка службените лица, упатувајќи им навреди и закани, па започнал да крши предмети – маси и столици и го исклучил кабелот за струја, прекинувајќи го доводот на електрична енергија во објектот. По ова, осомничениот бил лишен од слобода“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со „прашкаста, грутчеста и растителна материја“, кои со наредба на Основното јавно обвинителство Гевгелија се испратени на вештачење за да се утврди дали станува збор за недозволени супстанции.

По барање на надлежниот јавен обвинител судијата на претходна постапка изрече мерка притвор во траење од осум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ