СВР Охрид соопшти дека Одделението за внтарешна контрола од Струга поднело кривична пријава против Б.И.(30), од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
„При контрола извршена на 23 мај годинава 30 минути по полноќ, во струшкото село Октиси, полициски службеници го затекнале пријавениот во патничко моторно возило и констатирале дека тој не поседува соодветна дозвола за движење, со што не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението од 24 до 04 часот заради спречување на ширење на коронавирусот“, информира СВР Охрид.






