Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење злато на Богородица. Златото во сите случаи е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.
Директорот во гостувањето потсети и на случајот во кој царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје спречија криумчарење на 1,7 килограми скапоцен златен накит, којшто во тек на кривичната постапка од страна на судски вештак беше проценет на речиси еден милион евра.






