Најголем број од казните се изречени на територија на СВР Штип – 60, потоа на територија на СВР Битола – 49, а на територија на СВР Скопје пишани се 46 казни.
Инаку, во Скопје вчера биле изречени вкупно 206 мерки и освен за брзо возење, изречени се 20 санкции за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 28 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






