Министерот на денешната прес-конференција по средбата со литванскиот министер за внатрешни работи Владислав Кондратович, информира дека полициските службеници ќе бидат наградени.
„Сакам да се заблагодарам на полициските службеници кои што учествуваа директно во рамки на оваа акција. Информиран сум дека ова било мошне, така кажано, филмско апсење на криминалците кои ја транспортирале дрогата, така што благодарност до нив, честитки за сработеното“, изјави министерот за внатрешни работи.
Тој додаде дека целта на транспортот, според првичните информации, била марихуаната да биде изнесена надвор од државата.