Во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште биле пронајдени кокаин , екстази и дигитална вага. По приведувањето во вторникот навечер бил задржан во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена. Вчеравечер тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” во Скопје за издржување на притворот информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Осомничениот ќе одговара за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.






