„По предходно добиени оперативни информации дека денеска околу 18 часот ова лице остварило илегален влез во земјава од Косово, каде што престојувал подолг период, постапено е по добиената информација и во 19.15 часот инспектори од Единицата за брзо распоредување од Кисела Вода – отсек потраги, од паркингот зад Народната Банка, во непосредна близина на кејот на Вардар, го лишија од слобода лицето Мухамед Хоџа (52) од Скопје“, велат за МКД.мк официјални извори.
Хоџа бил осуден на 11 години затвор и треба да издржи уште две години и три месеци затворска казна. Тој веќе бил претходно осудуван и одлежал околу 20 години казна затвор, главно за тешки кражби. Во судир со законот е практично, од својата15-та година.






