четврток, 11 декември 2025

Тешка сообраќајка во Стопански двор, повредени повеќе лица

На 18 ноември околу 15 часот на крстосницата меѓу улиците „52“ и „49“ во населбата Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила марка мерцедес – едното со германски национални ознаки управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија, а другото со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Д.(51) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот О.Ш.(49) од возилото со скопски таблички, додека со полесни повреди се повредени сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23) и А.Р.(30), сите од Скопје.

Повредени се и возачката Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник. Повредите им биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ