понеделник, 7 јули 2025

Тешка сообраќајка во Бугарија, загина македонски државјанин

Три лица, меѓу кои и државјанин на Македонија, загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во бугарскиот град Разград. 19-годишен возач со автомобил влетал во полн ресторан, објавија бугарските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, 19-годишникот изгубил контрола врз возилото и директно влетал во терасата на ресторанот, каде во тој момент имало гости.

На самото место на несреќата животот го загубиле тројца мажи на возраст од 58, 62 и 64 години. Меѓу загинатите е и 58-годишен државјанин на Македонија, кој имал постојано живеалиште во Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ