петок, 22 мај 2026

Тепачка во Градски парк, физички напади…

Објавено на

часот

Сподели

Ноќеска во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Градски парк во Скопје, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(26), М.К.(21), Д.С.(19) и С.Ц.(22), сите од Скопје.
Синоќа во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.К.(38) од Тетово, постапувајќи по пријава на М.С.(54) од Тетово дека тој и неговата сопруга Д.С.(48) од Тетово, околу 23.15 часот, во нивниот дуќан во Тетово, по претходни недоразбирања, биле физички нападнати од пријавениот и уште две лица.
Во Струмица, пак, Д.И.(50) од с.Василево пријавил дека пред 3 дена пред угостителски објект во с.Василево бил физички нападнат од Ј.Н. од истото село.
Ј.Ч. од Битола утрово пријавил дека околу 00.30 часот во Битола три лица физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле мобилен телефон.
Утрово, во Штип во близина на маркет, М.К.(53) од Штип, бил физички нападнат од М.И.
Е.Д.(44) од Скопје синоќа пријавил дека во 20.00 часот во близина на бензиска пумпа на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Н.К. и уште две лица.

ОВР Дебар поднесе  кривична против И.Ц.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија”. Тој, на 25.06.2021 околу 10.30 часот,  во близина на дебарското село Гари, прво вербално, а потоа и физички го нападнал Ш.С. од дебарското село Могорче кој, како вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“, во тој реон извршувал работни задачи.
Синоќа во Скопје, пак, пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.М.(34) од с.Кривогаштани, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал М.К.(44).

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ