Утринава, околу 9:40 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Ранковце-Крива Паланка кај место викано Просеченик, Општина Ранковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило мерцедес со турски национални ознаки и товарно моторно возило волво со тетовски регистарски ознаки. Поради тоа сообраќајот беше во прекин до 11:40 часот, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.






