Полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли, велат од МВР.
Лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници.






