сабота, 23 мај 2026

Притвор за дилер на кокаин

Објавено на

часот

Сподели

Кај осомничениот на 6 јули при извршен претрес, овластени службени лица пронашле вкупно 4,71 грам наркотична дрога – кокаин. Дрогата била спакувана во 13 мали полиетиленски пакувања, ставени во пластична кутија и подготвени за продажба. Осомничениот бил пресретнат од полицаските службеници пред неговиот дом, се обидел да ја фрли пластичната кутија со дрогата во неа, но бил совладан, а дрогата е одземена со потврда за привремено одземени предмети.

Предлогот за притвор на обвинителството беше прифатен од Основниот суд Тетово и определен е притвор од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ