Јавно обвинителство денеска соопшти дека при извршен преглед на обвинетиот и неговото возило на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, на 14.07.2021 година, овластените службени лица пронашле наркотична дрога кокаин во нето маса од 0,31 грама.
„Истиот ден, по претходна наредба од судија на претходна постапка, полициските службеници извршиле претрес на куќата на осомничениот во село Доброште каде биле пронајдени вкупно 30,42 грама наркотична дрога марихуана, една дигитална вага и парични средства во вкупен износ од 52.000 денари и 3.485 евра“, се наведува во соопштението.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, обвинителството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.
Предлогот беше прифатен од Основниот суд Тетово кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.






