сабота, 23 мај 2026

При претрес на стан во Гостивар најдена дрога, три лица уапсени

Објавено на

часот

Сподели

При преглед на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое се превезувале трите лица, а управувано од А.Р., во багажникот била пронајдена поголема количина марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар.

„Ноќеска во периодот од 02.45 до 04.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во стан во Гостивар, каде што престојувал А.Р.. При претресот биле пронајдени и одземени два патнички куфери со марихуана, торба со марихуана, една голема ќеса со марихуана, повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага, електрична машина за пакување и вакумирање, во вкупна количина од околу 40 килограми марихуана“, се наведува во соопштението.

МВР информира дека по целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик. з

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ