
МВР соопшти и дека вчера со судска наредба извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба.
При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.






