среда, 14 мај 2025

Престигнувал колона возила на патот Гостивар-Кичево, возачот од Струшко – приведен

Полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, вчера околу пладне во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, Струшко.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, приведениот возач со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.

По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ