
Како што соопшти МВР, изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, пет за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 45 санкции за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и натаму и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






