понеделник, 25 мај 2026

Полицијата казни 41 возач поради незастанување на пешачки премин

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден  во периодот од 12.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, при што се санкционирани 41 возач. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ