петок, 17 април 2026

Пет пријавени случаи на семејно насилство во последното деноноќие, едно лице лишено од слобода

Во последното деноноќие, на подрачјето на неколку градови во земјава се пријавени пет случаи на семејно насилство, при што едно лице е лишено од слобода, информира полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

На 16 април во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б. (43) од Битола, откако физички ја нападнал својата мајка.

Истиот ден околу 11:00 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена пријавила дека подолг период нејзиниот син И.А. (35) се однесувал агресивно и психички ја малтретирал.

Во ОВР Струга, на 16 април во 10:40 часот, 56-годишна жена од струшко пријавила дека нејзиниот партнер подолг период ја малтретирал физички и психички, а истиот ден ја избркал од домот и ѝ ги одзел клучевите.

На 16 април во 19:30 часот во СВР Скопје, 59-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц. (65) ѝ упатувал закани кон неа и нивниот син.

На 17 април во 00:15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 15 април нејзиниот поранешен партнер Д.Н. (51) телефонски ѝ упатувал закани кон неа, нејзините деца и кон нејзиниот поранешен партнер.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ