петок, 7 ноември 2025

ОЈО Скопје поведе постапка против скопјанец за загрозување на сигурноста на поранешната девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец, осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз животот на неговата поранешна партнерка.

Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој ѝ се заканувал, вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот, бидејќи била постојано изложена на закани и навреди.

„На 30 октомври, осомничениот започнал агресивно да се однесува пред една клиника каде оштетената била сместена на лекување и се заканил дека ќе го убие нејзиниот брат. Почнал да ја тегне за рака оштетената и да ја принудува да оди повторно со него во неговиот дом, со што кај неа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ