Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило “бмв х3” без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.
„Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата е пријавена во полиција вчера во 18:45 часот.






