Изречени се и 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 за прекршоци што ги чинат пешаците, пет за користење мобилен телефон, како и 43 за непрописно паркирање.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






