сабота, 23 мај 2026

Обвинение за гостиварец за насилство

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на оштетениот, вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв. Обвинетиот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат кај игралиште во нас. Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото. Потоа обвинетиот насилно го внел оштетениот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка.  Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот. Но и покрај тоа што татко му се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира оштетениот. Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со телесни повреди, успеал да избега од самото место“, соопштија од Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ