
При обид да биде сопрено патничко моторно возило „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки поради сомнение за криумчарење на мигранти истото не застанало на даден знак од полициски службеници и удрило во двајца полициски службеници. Тие се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им се констатирани телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од полициска станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






