Како што информира МВР, седум од возилата, пет од Тетово и две од Гостивар, имале неисправни сопирачки, едно возило од Гостивар истечена регистрација и две возила од Гостивар неизвршен технички преглед.„Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани биле и 10 други видови сообраќајни прекршоци кај шест возила од Тетово и четири од Гостивар“, се вели во денешното соопштение од МВР.
МВР за 5 часа откри и казни 10 технички неисправни возила за превоз на патници

ТОП ВЕСТИ





