МВР информира дека вчера низ земјава била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и дека се санкционирани 65 возачи.
Од Министерството информираат дека вакви контроли ќе има и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.






