
Изречени се и 9 санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за возење под дејство на алкохол и 26 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






