За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат,, предупредува МВР.






