понеделник, 25 мај 2026

Физички напади, тепачки, маж си ја нападнал жената, малолетници претепале врсник, девојче нападнато од соученици…

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа на подрачје на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Б.С.(43) и С.М.(45) двајцата од гостиварско постапувајќи по претходна пријава од И.Г.(36) од Скопје дека околу 22.00 часот додека се наоѓал во угостителски објект на подрачје на Гази Баба тој, К.Ј и А.М. биле физички нападнати од пријавените.

Исто така синоќа, во СВР Скопје е пријавено дека на 04.12.2021 околу 00.50 часот пред и во угостителски објект на подрачје на Кисела Вода по претходна расправија М.Н.(19), Д.А.(19), А.К.(19), П.З.(21) и Ф.В.(19) сите од Скопје од една страна и С.Ј.(25), Б.Т.(20), Д.Н.(18), М.Н.(19) и Д.Т.(26) сите од с.Ракотинци, скопско од друга страна го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Ноќеска, пак, А.П.(32) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот додека извршувал работни задачи како такси возач на подрачје на Центар по претходна расправија бил физички нападнат од три лица кои употребиле тврд предмет.

Утрово околу 05.00 часот во СВР Скопје К.Б.(23) од Скопје пријавила дека околу 03.40 часот во дискотека во градски парк, по претходна расправија, била физички нападната од едно женско лице, која употребила тврд предмет.

Вчера попладне Б.А.(20) од с.Чегране,тетовско пријавил дека околу 12.30 часот во кругот на клинички центар Тетово бил физички напад од две лица.

Во друг инцидент М.К.(20) од с.Камењане,тетовско пред локал во селото тој и Б.К.(50) од с.Камењане биле физички нападнати од А.Р. од с.Камењане и уште четири лица.

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во Гостивар го привеле Ј.Ф.(26) од гостиварско по претходна пријава во 20.55 часот од неговата 26-годишна жена дека на 08.12.2021 во 21,30 часот во стан во Гостивар физички ја нападнал.

Т.И.(46) од с.Боговиње пак, ноќеска пријавил дека синоќа околу 22.00 часот пред продавница во с.Боговиње неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од четири малолетници од с.Пирок од кои двајца ги познавал.

Синоќа полицајци од СВР Тетово го привеле Н.Н.(50) од с.Мала Речица затоа што во зграда во Тетово физички нападнал едно женско лице.

Д.А.(43) од Битола пријавил дека вчера околу 22.30 часот неговиот 16-годишен син кај паркинг кај Домот на култура Битола бил физички нападнат од три лица.

Физичка пресметка имало и во Прилеп, каде што пред продавница се степале С.И. и Џ.Л.В.(39) од Прилеп.

Во СВР Штип е пријавено дека кај автобуска станица во Македонска Каменица по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С. од с. Дулица, Б.Ј. од Македонска Каменица од една страна и Б.А. од Македонска Каменица од друга страна.

Д.Л.(38) од Велес синоќа пријавила дека околу 17.15 часот во основно училиште во Велес нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од тројца нејзини соученици.

Физички напад пријавил и Т.Т.(62) од Демир Капија кој на плац за дрва по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Т.Л. од Демир Капија.

Вчера околу 11.00 часот во СВР Велес Н.Б.(77) пријавила дека во нејзината куќа едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело пари.

МВР работи на расчистување на сите случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ