„Вчеравечер на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Самоилова“ и улицата „Максут Садик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р. (25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.






