понеделник, 23 јуни 2025

Дрога, оружје и муниција најдени во Скопје

На подрачјето на Гази Баба вчера полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Г.С.(41) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот домот, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Исто така, во текот на вчерашниот ден во Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, исто така, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката“, наведуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ