сабота, 23 мај 2026

Детали за вчерашната сообраќајка кај Охрид: загина 78-годишен маж

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, која се случи во 14:40 часот, учествувале „фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ. (22) од Охрид, патничко моторно возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ. (46) од Струга и товарно моторно возило „Сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ. (38) од охридското село Вапила.

ОД здобиените повреди во незгодата на пат кон болница починал сопатникот од возило „фолсваген голф“, Х.Г.(78) од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ