„По налог на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување. Последната добиена информација е дека потрагата по жената сè уште трае“, велат од ЦУК.






