На 02.08.2021 во соба во мотел во Струга, пријавениот физички го нападнал М.П. од Република Албанија и му одзел пари и предмети, а потоа го нападнал и Е.И. од с.Велешта, струшко, употребувајќи и остар предмет. Полициски службеници од Полициската станица Струга извршиле претрес во просторија каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршеното кривично дело. Истражен судија од Основен суд Струга му одредил притвор.






