сабота, 23 мај 2026

70-годишна Македонка спасена од давање во албанското одморалиште Шенѓин

Објавено на

часот

Сподели

МИА ја пренесува информацијата од Ора њуз дека кога жената почнала да се дави на помош ѝ притекнале капачи кои биле во нејзина близна. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена во болницата во Лежа за укажување лекарска помош.

Инаку, според албанските медиуми, македонските, заедно со косовските туристи се најбројни на плажите на албанското крајбрежје. Поголем процент одмараат во Шенѓин, поради богатата борова шума и климата која е идентична со онаа во црногорското одморалиште Улцињ.

Друга македонска туристка, пак, била ограбена во Валона.

„Припадниците на полицијата од Комесаријатот во Валона го уапсија лицето И.Б. (34), жител на градот, за кого постои основано сомнение дека ограбил македонска државјанка. Додека таа се движела на улица во населбата ‘Студена вода‘ во Валона, тој ѝ ја грабнал чантата во која таа имала лични работи“, се наведува полициското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ