„Причина за пожарот бил дефект во трафостаница од каде била зафатена сува трева, стрниште и една куќа. На лице место биле и 3 полицајци, кои интервенирале во евакуирањето на двајца жители од опожарената куќа (лица со посебни потреби). Куќата потполно изгорела, а било спречено пожарот да се прошири и на друга куќа“, информираат од ЦУК.
Пожарот почнал брзо да се шири потпомогнат од ветрот, се проширил кон ожнеаните ниви, а било зафатено и необработеното земјиште коешто било обраснато со висока сува трева и нискостеблести деградирани растенија, грмушки.






