Три години подоцна, во 1975, светот се запознава со погонот на сите четири тркала на Субару, со кој беше овозможено да се префрли од преден погон на погон на сите тркала преку поместување една рачка. Набрзо потоа, Субару ја претстави втората генерација на тој систем на крајот на 80-тите, наречен „постојан погон на сите тркала“. Оваа технологија еволуираше во системот кој денес го знаеме како „симетричен погон на сите тркала“ на јапонската марка.
Возилата со погон на сите тркала во моментов се 98 отсто од глобалната продажба на Субару (единствен исклучок е моделот БРЗ), а планираат да ја продолжат традицијата со својот нов целосно електричен кросовер солтера. Како БРЗ, солтера е заднички проект со Тојота, чија верзија на електричниот кросовер ќе се вика бЗ4х. И двата модели би требало да се појават на пазарот следната година.
[video:https://youtu.be/3-vhWIDge74 autoplay:0]





