Специјалниот 911 првично се натпреварувал на Интернационалната трка на шампиони (ИРОЦ) во 1974 година, кога со него управувал двојниот Инди и Формула 1 шампион Емерсон Фитипалди.
Набрзо потоа, оваа машина му била продадена на Роџер Пенске и истата година завршила во гаражата на тркачите Џон Тунстал и Чарли Кемп.
Меѓу 1074 и 1978 година овие двајца се тркале со овој автомобил на Лајм рок парк, Таладега, Роуд Атланта, Мид Охајо, Роуд Америка и Мид Америка. Поршето се појавило и на трките на издржливост 24 часа Дејтона и 12 часа Себринг.
Уникатниот 911 карера 3.0 РСР потоа му бил продаден на кралот на кокаинот Пабло Ескобар, кој му додал каросериски делови од 935 серијата и се тркал на бројни настани во Колумбија.
Аукциската куќа Колектинг карс потврди дека моделот е вратен во САД по смртта на Ескобар, дека неговата каросерија е вратена во оригиналната состојба и дека надворешноста е иста како во ерата на Фитипалди.
Автомобилот бил темелно реставриран меѓу 2007 и 2010 година и од тогаш бил изложуван на бројни настани и освоил многу награди.






