Една година по концептот меган евижн доаѓа сериската верзија на новиот електричен модел на марката Рено, кој треба дополнително да ја турне продажбата на возила на струја на француската компанија.
Досега Рено играше на картата на моделот зои, кој е присутен на европскиот пазар веќе речиси цела деценија. Сега му се придружува компактниот кросовер меган е-тек.
Димензиите на овој автомобил се слични на сестринскиот модел нисан арија, со кој електричниот меган ја дели механичката платформа.
Меган е-тек на почетокот ќе биде достапен со батерии со капацитет од 40 и 60 киловат часови, а поголемата ќе овозможи автономија во возењето до 470 километри, додека електромоторот со 215 коњски сили ги придвижува предните тркала.
Ова се првичните информации, а повеќе детали за автомобилот ќе се знаат недела кога на саемот во Минхен ќе се одржи светската премиера на моделот.
Засега не се знае дали Рено на купувачите ќе им понуди и батерија од 90 киловат часови, како и опција со два електромотори со вкупна сила од 389 „коњи“ и максимален вртежен момент од 600 њутнметри, како нисан арија.






