петок, 22 мај 2026

Поплава уништи цел куп нови модели на Ауди во Германија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Надојдената вода однесе над 200 животи во тој регион, а стотици луѓе се водат како исчезнати.

Причинетата материјална штета се мери во милијарди евра, а поплавени се голем број комерцијални објекти, како овој салон на автомобили на Ауди во Леверкузен.

Како што се наведува, станува збор за нови автомобили кои останале во салонот откако нивото на реката нагло пораснало а водата навлегла внатре.

Од силината на надојдената вода многу автомобили се поместени и се судирале едни со други.

Видеото објавено на социјалните мрежи го покажува обемот на штетата, а повеќе од возилата сега ќе бидат уништени.

Меѓу автомобилите има РС6 авант, РС Кју3 спортбек, како и кросовер модели Кју3 и Кју5.

Истата судбина ги снашла и електричните модели на Ауди е-трон, е-трон ГТ, и е-трон спортбек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ