петок, 22 мај 2026

Оригиналниот астон мартин ДБ5 од „Голдфингер“ најден по 24 години

Објавено на

часот

Сподели

Астон мартин ДБ5 не е само еден од најпознатите филмски автомобили, туку и веројатно најславниот модел на британската компанија. Безвременски класик кој на аукциите редовно привлекува голем интерес и постигнува големи суми.

Автомобилот исчезнал во 1997 година и претставува еден од четирите оригинални примероци на ДБ5 користени за „Голдфингер“. Украден е од приватен хангар на аеродромот Бока Ратон на Флорида.

Всушност станува збор за единствениот примерок со сите функционални додатоци кој денес вреди 18,2 милиони фунти, а првично во 1986 за 275.000 фунти го купил американски бизнисмен.

Меѓутоа, автомобилот е најден и неодамна забележан на Блискиот Исток. Дел е од приватна колекција и наскоро ќе му се влезе во трага. Се верува дека актуелниот сопственик не знае дека поседува украден автомобил.

[video:https://youtu.be/QFi-k_zQqe4 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ