петок, 22 мај 2026

Новиот пежо 308 карван – секси и практична алтернатива на компактните кросовери (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Несомнено е дека зад ознаката 308 СВ е еден од најубавите карвани на денешнината чија практично пред сè ја покажува големината на багажникот, кој со кренати потпирачи на задните седишта може да собере 608 литри.

Без патници на задните седишта големината на просторот расте до 1.634 литри, а во автомобилот може да се стават предмети подолги од 1,85 метри. Овие бројки не е рекордни за класата на која припаѓа 308 СВ, но сигурно ќе бидат доволни за повеќето.

Новиот модел е 6 сантиметри подолг од претходната генерација, од што најмногу ќаруваат патниците на задните седишта.

Под хаубата на 308 СВ се познатите мотори на ПСА групацијата. Основата на конвенционалната понуда е 1,2-литарскиот трицилиндерски турбобензинец кој се нуди со 110 и 130 коњски сили, со тоа што посилната верзија има само 8-брзински автоматски менувач, а тука е и 1,5-литарскиот четирицилиндерски дизел со 130 коњски сили.

Во контекст на општата електрификација се и две плагин верзии чии електромотори во комбинација со бензинскиот мотор даваат 150 и 180 коњски сили.

Според ВТЛП стандардот, капацитетот на батериите е доволен за 59 километри без трошење бензин.

[video:https://youtu.be/rf4bUqYTgPc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ