петок, 22 мај 2026

Ламборгини реконструираше дел од својата историја (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Одличниот автомобил е создаден благодарение на Чентро стиле и Поло сторико одделите на Ламборгини за многу специјален колекционер. Тој е всушност прецизна реплика на оригиналниот кунтач ЛП500 прототип претставен во 1971 но подоцна уништен во 1974 година при судир за време на тестирање.

При создавањето на автомобилот во Ламборгини се анализирале документи, фотографии, извештаи за состаноци и скици на оригиналниот ЛП500 прототип и било користено и 3Д скенирање за реплицирање на дизајнот на автомобилот. Новиот кунтач има и нова шасија која е помодерна од цевчестата рамка од серискиот кунтач.

Исто како оригиналниот автомобил, реконструкцијата е опремена со V12 мотор со работна зафатнина од 4.971 кубен сантиметар, и звучи неверојатно. Ентериерот е исто така прецизна реплика на оригиналот и поприлично се разликува од серискиот кунтач благодарение на оригиналните инструменти, волан и седишта.

Останува нејасно колку чинел автомобил и иако во видеото е наведена сума од 2,64 милиони долари, најверојатно чинел повеќе од тоа.

[video:https://youtu.be/Ztxy99ddDhY autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ