Објавените детали се ограничени, но компанијата соопшти: „Ние остварува соништа. Го направивме тоа со класичниот кунтач во 1970-тите. И сега го правиме повторно“.
Со пораката компанијата објави и тизер видео, кое го истакнува наследството на кунтач и овозможува да го ѕирнеме новиот модел. Објавена е и фотографија од моделот, но прекриен со чаршаф.
[video:https://youtu.be/HWs5iYB4eFg autoplay:0]За жал, не се гледа многу од автомобилот, туку само се наѕира дека ќе има слична форма како оригиналот. Сепак, модерниот кунтач ќе биде далеку поаеродинамичен од претходникот.
Како и да е, не би требало да чекаме многу за целосното претставување на новиот кунтач. Производството би требало да биде ограничено на 112 примероци, а цената би почнувала околу 3 милиони евра.






