Но, како што откри Уат кар?, има голема разлика меѓу актуелните автомобили на струја во смисла колку далеку можат да извозат, колку вистинскиот радиус одговара на официјалните бројки, и колку се ефикасни во смисла на поминати километри во односно на потрошената енергија во киловат часови.
Британскиот магазин одбра десет од најновите и најпопуларни електрични модели достапни во Европа, вклучувајќи ги мазда МХ-30, фолксваген ИД.3, киа е-ниро, форд мустанг мах-е, ауди кју-4 е-трон и тесла модел 3, и ги возеле до целосно истрошување на енергијата.
Не изненадува тоа што мазда МХ-30 прва „пуштила душа“, бидејќи ја има најмалата батерија од групата, откажувајќи се по само 185 километри, во според со декларираните 200 км според ВТЛП циклусот.

Новиот фиат 500е уште повеќе уште повеќе разочарал. Можеби возел подолго од маздата, со поминати 225 километри, но Фиат тврди дека може да вози до 318 километри.
На врвот, најефикасен се покажал тесла модел 3, со 6,6 километри на киловат час, но остварил само 457 километри наспроти декларираните 576 според ВТЛП.
Но крал на радиусот е форд мустанг мах-е со батерија од 88 киловат часови. Тој бил најмалку ефикасен и не се ни приближил до декларираните 610 ВТЛП километри, но успеал да извози 486 км.
[video:https://youtu.be/jfQkGU9MxfU autoplay:0]





