петок, 22 мај 2026

Источногерманското ферари: комунистичкиот спортски автомобил со двотактен мотор (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Моделот се произведувал повеќе од десет години од 1969 до 1979 година во Дрезден во тогашна Источна Германија, но во тој период е произведен само 101 примерок.

Проектот за развој на спортскиот автомобил го почнал Хајнц Мелкус, источногермански тркач од 1950-тите и 1960-тите кој бил и конструктор, а изработил само еден модел наменет исклучиво за тркачката патека – РС 1000.

Лесната каросерија од стаклени влакна е поставена на челична шасија.

Автомобилот е со многу низок профил со врати што се отвораат нагоре, како крилја на галеб.

Кога се појавил на патиштата, во тоа време веројатно на просечниот жител на Источна Германија му изгледал како вселенски брод.

Повеќето примероци на мелкус РС 1000 ги придвижувал трицилидерски 1,0-литарски двотактен мотор на Вартбург, но со троен карбуратор.

Автомобилот од фотографиите кој во моментов се продава на аукција на Колектинг карс, е единствениот со 1,3-литарски V6 мотор од ДКВ Ф102.

[video:https://youtu.be/8V_oUU3sAoM autoplay:0]

V6 мотор со толку мала работна зафатнина е необичен сам по себе, но фактот што е двотактен го прави уште попосебен.

Интересно е што првично бил замислен како бродски мотор.

Што се однесува до мелкус РС 1000, изработени се само неколку прототипи со тој мотор кој произведува 110 коњски сили со вртежен момент од 180 њутнметри. Силата се пренесува на задните тркала преку петбрзински рачен менувач, што со тежина од само 720 килограми е доволно за максимална брзина од 201 км/ч.

Имајќи предвид дека стандардните примероци со трицилиндерски мотор имале само 68 коњски сили, овие бројки за тоа време биле фантастични.

За автомобилот од 1976, кој според описот е обоен во ферари модена жолта боја и кој има поминато само 13.456 километри, продавачот вели дека е во совршена фабричка состојба, со патина на годините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ