петок, 22 мај 2026

Е-леџенд ЕЛ1 е електрична реинкарнација на Ауди спорт кватро со 800 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

ЕЛ1 има три електромотори, еден на предната оска и два на задната, кои заедно даваат 804 коњски сили. Електромоторите силата ја влечат од пакет батерии од 90 киловат часови кои ја користат истата 800-волтна технологија како порше тајкан.

Е-леџенд ветува сериозни перформанси со ЕЛ1, тврдејќи дека стигнува до 100 км/ч за 2,8 секунди и 200 км/ч за помалку од 10 секунди. Она што најмногу импресионира е што батеријата наводно „држи“ до 400 километри, доволно да се извозат два круга на Нирбургринг возејќи жестоко во спортплус модусот. Електричниот автомобил има и помош од контрола на вртежниот момент (torque vectoring) во свиоците.

Ауто мотор унд спорт сугерира дека е-леџенд ЕЛ1 најверојатно ги има истите батерии како порше тајкан, што значи дека може брзо да се полни. Компанијата која стои зад електричниот спортски автомобил истакна дека батериите имаат софистициран систем за водено ладење.

Дизајнот на ЕЛ1 јасно асоцира на ауди спорт кватро С1. Предниот дел ги има познатите фарови и хауба речиси идентична на култното ауди. Тука е и коцкастата и агресивна форма како и истакнатите отвори за тркалата.

Сè на сè се планирани 30 примероци кои би требало да бидат произведени следната година, а секој ќе чини над 1 милион евра. Е-леџенд планира и ЕЛ2 и ЕЛ3 модели, а првиот би требало да биде инспириран од ланча стратос ХФ страдале.

[video:https://youtu.be/PsMK3QpEh3U autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ