петок, 22 мај 2026

Десет години стара октавија РС сè уште е најбрзата шкода некогаш направена (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

„Боневил специјал“ е базиран на сериска шкода октавија РС 2.0 ТСИ, но со бројни модификации.

Тука се вклучени изменет систем за довод на гориво до моторот, надграден систем за ладење со 10-литарски радијатор, нов турбополнач Герет со поголем притисок, и менувач со подолги брзини позајмен од октавија гринлајн. Според Шкода 2,0-литарскиот ТСИ мотор дава импресивни 600 коњски сили.

Тркалата добиле аеродинамични капаци и специјални гуми од Гудјиар, додека сопирачките се целосно отстранети и автомобилот сопира со падобран. За намалување на тежината целосно е отстранет ентериерот, а има заштитен кафез за безбедност.

Оригиналната цел била да се поминат 322 км/ч (200 милји на час) што е значително повеќе од 240 км/ч на сериската верзија. Но „Боневил специјал“ ги надминал очекувањата на Шкода со просечна брзина од 365 км/ч во двете насоки. Она што е поимпресивно е што рекордот сè уште важи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ